За љубителите со дебели нерви и креативност во обликувањето на овие прекрасни модели. For the creative fans with patience who build these magnificent models.
Оваа макета ја набавив чисто по игра на случај и мислам дека имав многу среќа пошто истата не се произведува више 20 години.Ова ми е еден од поомилените верзии на хериери.Како сум пациент и заљубеник у техника која датира од време на студена војна решив да направам еден Амерички АВ-8Ц хериер.Макетата изворно е АВ-8А а со Ц верзијата се разликуваат само во авионика и ознаки.Во ESCI направиле грешка и ставиле ознаки за АВ-8Ц од почетокот на 80тите години а макетата ја крстиле ав-8а.За почеток ги прережав панелните линии пошто беа многу плитки.Кокпитот е од кутија + нешто додатоци за да го направам малце поатрактивен,додека пак седиштето е ресинско S-III-S/3.Еве ви неколку слики за почеток.
Ај баш да видам како ќе го направиш.....сега за сега е стандард..........п.с никогаш повеќе нема Хериер да правам....па макар и Моника Белучи да ми ја дадат на користење.
После неколкудневно шмирглање,китирање,шмирглање и урежување панели со гордост ги покажувам овие неколку слики кои ја прикажуваат фактичката состојба на макетата.останува уште некои споеви да се средат,да се исправат 2-3 криви панелни линии и доаѓа на ред детаљирање и фарбање испод предното стакло.Се надам дека ќе можам да го фабрам за неколку дена.
Како авион,не ми се допаѓа,како макета како е изработена е одличен.инаку и како макета не ми се допаѓа ,ама треба да се види во живо (ќе купиш сок Таково-Праска плус наполитанки Јадро)ќе дојде инспекција да провери.
Трпе нема шанса да правам хериер од понова генерација,монгу ми се антипатични.следни хериери ќе бидат ГР.3 и ФРС.1 од фолкландска војна.Може и еден ГР.1 од студена војна али уште не сум сигурен за тоа.