Територијата на Македонија до Балканските војни го претставувала централниот и најзначајниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак и Рила. Западните граници се протегале преку планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по реката Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот на реката Места. Во рамките на овие географски граници, Македонија зафаќала површина од 67.741,2 km2.
Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на тој начин:
• Егејскиот дел, со површина од 34.356 km2 го окупирала Грција,
• Вардарскиот дел со површина од 25.342 km2 го окупирала Србија,
• Пиринскиот дел со 6.798 km2 ја окупирала Бугарија и
• Јужниот брег од Охридското езеро - Мала Преспа со 1.115 km2 и биле доделени на Албанија.
Новата бугарско-српска граница започнувала од врвот на Патарица и одела по линијата на старата бугарско-турска граница до Диздарица, потоа одела по вододелницата меѓу Вардар и Струма минувајќи преку Луловиот Врв, кота 1297, Обел, Пољазни, кота 1458, кота 1495, кота 1415, Понорица, Кадиица, кота 1900, кота 1453, Чингино Кале, сртот Клепало, кота 1530, сртот на Малеш Планина (1445), тука свртува на запад кон котите 1515 и 1300, поминува преку сртот Драгнев-даг, Кади Мезар Тепе, Кале Тепе, ја поминува Новичанската Река јужно од село Рајанци, поминува меѓу селата Ословци и Сушево, па преку реката Струмешница меѓу Радичево и Владевци и се качува кон котата 850, а потоа по вододелницата на Вардар и Струма преку котите 957, 571, 750, 895, 850 по сртот на Беласица се спојува со бугарско-грчката граница.
Бугарско-грчката граница започнувала на сртот на Беласица од српско-бугарската граница и минувала северно од Јуруклери, па преку Струма оди на исток на Сенгани Калеси (1500). Оттаму излегува на сртот Али Ботуш (кота 1650) и по вододелницата по котите 1820, 1800, 713 и Страгач. Тука свртува кон североисток и пак по вододелницата меѓу котите 715, 660, кон котите 1150 и 1152, оттука по сртот оди источно од село Ракистен, ја преминува Места и оди кон врвот Руса и Железа, го сече Сеспат и излегува на Чука.
Одовде повторно по вододелницата и преку Сибково, Кадирќој (1750), Авлик-даг (1518) Каин Чал (1811), Дебиклија (1587), слегува на југ кон котата 985 и свртува на исток јужно од селото Карово, оттука пак на исток минува северно од селото Кајбово и се качува на север кон котите 1450, 1538, 1350 и 1845. Потоа слегува на југ преку Чигла (1750) и Кушлар и оди по вододелницата Места и Јаси Еврено-дере, излегува на Аклат-даг (1300), а потоа кон Окчилар, па оттука по реката Места до Егејското Море.
Во согласност со Букурешкиот мировен договор, границите меѓу Србија и Грција во Македонија биле утврдени во Белград на 16 август 1913 година. Граничната линија почнувала од котата 1494 на сртот Беласица, па одела кон котите 394 и 208, потоа минувала преку Дојранското Езеро, во правецот на котата 227, а оттаму кон Мачуково, потоа ја минувала реката Вардар и одела северно од Сеово преку котите 241, 560 по возвишението Тушет Балкани, преку котите 858, 774, 1149, 1929, 2058, 2050, 1673, 1766, 1656 по висот Блатец преку котите 1431, 1201, 1375, 1550, 1058, 1440, 1660, 1700 (по планината Ниџе) преку котата 2525 (Кајмакчалан) на котата 1944, оттука одела на запад по висот Старков Гроб, потоа јужно од селото Кремјан и натаму меѓу Кенали и Негочани минувала преку Рахово и Драгош, потоа преку котите 1980, 2094, 2000 па јужно од селото Долно Дупени минувала преку Преспанското Езеро оставајќи ѝ го на Србија островчето Голем Град и излегувала јужно од селото Коњско. Оттука одела по возвишението на Вакуфица преку котата 947, Мал Шат, (кота 1537) па кон врвот Горица. Оттаму одела кон селото Бач, Пешкопеја, па преку котата 1100 до албанската граница.
Обиди за ревизија на договорот
Веднаш по потпишувањето, т.е. на 11 август 1913 година, Австро-Унгарија, Русија и Бугарија барале ревизија на договорот, со оглед на бројните неправилности, недоречености и нелогичности во поделбата на териториите и во донесувањето на одлуките.
На 14 август, Русија ги отфрлила намерите за ревизија на договорот, па со такво барање останале само Австро-Унгарија и Бугарија, на кои остро им се спротиставувала Франција. Букурешкиот мировен договор представува единствен меѓународен договор што не ги потпишале сите големи сили и што бил во голема мера против нивните интереси. Исто така, големите сили не ги зеле предвид барањеата на македонскиот народ, кој од повеке асоцијации, особено од Русија и Швајцарија, интервенирал да се зачува идентитетот на Македонскиот народ и единството и целината на Македонската територија.
Значење на Букурешкиот мировен договор за Македонија
Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на Балканските земји.
Веднаш потоа започнало асимилирање на Македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората Балканска војна македонското име не се споменувало, иако војната главно се водела во Македонија, Според извештаите, Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400, Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе.
Наведениве факти недвосмислено докажуваат дека балканските војни се подготвувале и се воделе за поделба на Македонија. Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на посилниот, односно оружјето.
http://www.mn.mk/istorija/1696-Granici- ... ot-dogovor
Svi ruski ratni ciljevi biće ostvareni, ali postepeno. Pošto se postepeno i menjaju.