Еве после еден стварно напорен ден да дадам мал извештај за овој аеромитинг. Вчерашниот настап беше откажан поради лошо време а денес до последен момент се чекаше одлука а јас со обврски не знаев до последно дали ќе одам. Расчитав некои водичи бидејќи самиот митинг се одржува на 2200 метри врв па реков да се спремам ама се што прочитав беше застарено и доста работи се сменале. На пример, последниот автобус кој вози према ски-лифтот тргнувал во 11:30 а јас прочитав дека е во 13:30. Пристигнав во 12:30 на 10км од селото Axalp и начекав воена бариера, нагоре нема повеќе. Последниот автобус замина, ти батка враќај се дома, така ми кажа 50 годишниот чича со брк и тенка пура во рака. Паркирав кола на 100 метри во еден запуштен пат и се вратив да се разберам да ме пушти некако. 10 минути се натегаме, ми вели нема шанса да те пуштам со кола, ќе блокираш некој автобус горе нема да може да сврти на кривина. Додека разговараме, застанува ЕАДС комбе, покажува легитимација, рампата се отвара...Од внатре некој ми мафта. Френк Лиеман, директор за продажба во ЕАДС. 2 пати се имаме сретнато случајно на аеромитинзи и имаме по цел ден џаболебарено. Доктор Френки е огромен воздухопловен ентузијаст и неверојатен професионалец, неверојатно упатен во воената авијација, поготово млазна. Сега е директор за продажба на ЕУРОФАЈТЕР за Швајцарија. Ме пикна во комбе и ми го разубави денот. Кој ќе се враќаше дома без да види авион...
Стигнавме до ски лифтот, се искачивме на врвот (после 1.5 час, буквално вертикално качување, душа ми излезе) и едвај на време стигнавме за почетокот. Кугари, Пуми, Грипени, Пилатуси, ФА/18....Да не знаеш кај да гледаш. И неверојатно блиску. Фантазија.
За среќа не беше премногу ладно, времето очекувано облачно...Ама ептен супер дисплеј. Испаднаа 15 километри планинско качување и буквално секој мускул ме боли.
Еве неколку слики останатите едноставно не ги бива, ова е сепак само еден сосема мал дел од она што можеше да се види денес.

Airplanes usually kill you quickly - a woman takes her time.